Евреин бил прободен со нож на улица во Стразбур

0
284

Евреин бил прободен со нож на улица во францускиот град Стразбур од напаѓач, кој викал исламистички слогани, пренесе ББС.

Полицијата го уапси осомничениот, кој бил чуен да вика „Алах Акбар“ (Алах е голем), пишува францускиот весник JDD.

Извор од полицијата тврди дека нападнатиот маж бил облечен во еврејска облека.

Според локалните власти нападот не бил „поврзан со тероризам“, а осомничениот е ментално болен.

Според достапните информации, животот на жртвата не е во опасност.