Евро-стил со Махиндра на „ Јаболкоберот“ во Ресен

0
1214

15 години на пазарот, 6 години на Крстовден во Ресен на јаболкоберот, Евростил компанија за продажба на земјоделска механизација врши презентација на своите единствени производи од областа на земјоделието и овоштарството во земјава.Со тракторот Ландини од италијанско производство, Агрифарм и Махиндра со еуро 4 стандард прв донесен во земјава од оваа компанија, се претставија годинава во Ресен.

saska

Нашата компанија се разликува од другите компании кои се занимаваат со земјоделска механизација, по тоа што нудиме најдобар квалитет и поволни цени, а сме и дел од програмата 50-50 на Владата на РМ, вели Сашка Веловска од Евростил Битола.

Ги понудија и атомизерите од 2000 литри за интензивни овошни насади, како и електричните ножици од италијанскиот бренд Риниери, кои луѓето од овој крај , ги користат при процесот на резидба.

2/3 од програмите односно договорите кои се потпишуваат со Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството, се во нашата компанија, потенцира Веловска.

Евро -стил Битола има претставништва и во Прилеп, Струга, Струмица и дилерска мрежа на ниво на Македонија а се извозници и за Србија, Хрватска и Албанија.

Без коментари

LEAVE A REPLY