Еврокомесарот Хан во посета на Македонија

0
229

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија. Најавени се политички, и средби со претставници на граѓанскиот сектор.

Хан ќе разговара со премиерот и лидер на СДСМ, Заев, со претседателот на Собранието Џафери и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, на ДУИ, Ахмети и на Алијансата за Албанците, Села. Засега нема потврда дали ќе биде примен и од шефот на државата Иванов.

Вицепремиерот Османи ќе реферира за новите реформски пакети 6 и 9, кои претставуваат дополнение на планот 3-6-9, а во кои се содржани забелешките, препораките и сугестиите во извештаите на Европската комисија.

Македонија очекува на Самитот на унијата во декември да добие чиста препорака за старт на преговорите за членство.