Еврокомесарот Хан во посета на Македонија

0
293

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска доаѓа во Македонија со цел деблокирање на политичкиот дијалог за договорот од Пржино.

Неговата портпаролка Маја Коцијанчиќ вели дека европската комисија одблиску го следи развојот на настаните во Македонија, а бара четирите политички партии да се држат до распоредот во спроведувањето на точките од договорот.

Пред три дена во Скопје беше и известувачот за Македонија во европскиот парламент Иво Вајгл, кој при посетата, на политичките лидери им порача дека одложувањето на договорот од Пржино предизвикува проблеми.
Дали Македонија ќе добие седма последователна препорака за почеток на преговори за членство, зависи од развојот на политичката ситуација.
Објавувањето на извештајот за напредокот е пролонгиран поради бегалската криза и се очекува да биде објавен кон крајот на месецов или почетокот на следниот. Политиколозите сметаат дека денешното доаѓање на Хан не е протоколарна посета.