Евролидерите едногласно усвоија заедничка стратегија за Брегзит

0
249
epa05824449 A member of the European Parliament votes to lift parliamentary immunity of Marine Le Pen during the plenary session at the EU Parliament in Brussels, Belgium, 02 March 2017. Leader of French Front National (FN) party Marine Le Pen lost her EU immunity over tweets of pictures showing IS violence. EPA/STEPHANIE LECOCQ

Лидерерите на ЕУ денеска усвоија насоки за преговорите со Велика Британија за нејзиното излегување од Унијата, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Краткиот самит на лидерите на 27те земји е одржан во Брисел, без британската премиерка Тереза Меј, по еден месец откако таа го покрена процесот на излегување на Велика Британија од ЕУ. Се очекува преговорите на двете страни, што би требало да траат две години, да почнат по парламентарните избори во Велика Британија на 8 ми јуни.

” Насоките се усвоени едногласно. Доделен е силен и јасен политички мандат за преговори за Брегзит”, изјави Туск.

Лидерите на ЕУ ветија дека ќе се држат заедно и дека ќе бидат со преговарачкиот тим и со тоа предупредија дека цврсто ќе се однесуваат кон секое барање на британската премиерка.
Односите на Велика Британија и Ирска по Брегзит се појавија како клучно прашање кое треба да се реши во преговорите, како и прашањето на границата меѓу Ирска и Северна Ирска.