Еврообврзницата е неопходна

0
232

По повеќе дневен молк, откако крахираше обидот за издавање еврообврзница се јави мининистерот за финансии. Ги нарече невистинити обвинувањата од страна на опозицијата во однос на нелегалното издавањето на еврообврзницата, бидејќи во моментов немало утврден датум за избори.

– Ние во моментот на носењето на одлуката немаме техничка влада за спроведување на избори од причина што не е утврден датум за одржување на изборите. Во моментот се во тек преговорите за утврдување на иден датум за избори. Оваа теза на СДСМ е невалидна – смета Кирил Миновски, во интервју за Сител.

Според Министерот за финансии  околу 200 милиони ќе бидат искористени за отплата на претходно искористени кредити.

За односите со Светска Банка тој вели дека Владата одржува постојано добри односи со речиси сите меѓународни финансиски институции и дека кредитот од 25 милиони евра ќе биде позитивен за инвестиционата клима.

Тој смета и дека нема кратење во капиталните инвестиции.