Европа е во војна и потребна е мобилизација

0
393

Европа е во војна и потребна е мобилизација, изјави денеска францускиот пермиер Мануел Валс, по денешните експлозии во Брисел, оценувајќи дека опасноста е поголема отколку пред нападите во Париз од ноември.

„Европа е во војна веќе неколку месеци – ова е воен чин по кој треба да се мобилизираме“, изјави Валс за француските медиуми.

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, соопшти дека 1.600 дополнителни полицајци се распоредени во Франција, особено на точки поврзани со воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај.