Европа и мигрантите -трибина на правниот во Битола

0
1706

По повод одбележувањето на 9 ти Мај, Денот на Европа, се одржа академска трибина на тема Живот во ранец,миграционите политики, балканска рута и развојните перспективи на Европската Унија. На академска трибина своите мислења и дилеми ги истакнаја професорите од Правниот факултет чија цел е да се доближи ЕУ до студентите, преку промоција на европските вредности идеи и политики.

– Моето експозе би подразбирало и некои препораки и сугестии што подразбираат нормативно редефинирање на Европската Унија, промена на Лисабонскиот договор како конститутивен договор на ЕУ и донесување на нов договор кој што драстично би ја променил структурата и начинот на функционирање на ЕУ се со цел остварување на идејата за обидинета Европа во буквална смисла изјави, доц. Д-р Горан Илиќ професор на Правен факултет

Во рамките на овој ден исто така беше распишан и конкурс за избор на најдобар студентски есеј на истата тема. Комисијата одлучи наградата за најдобар есеј да му ја додели на студент на втор циклус студии на правниот факултет Јулија Јуртоска.

– Инаку на првонаградениот студент ќе му биде доделена пофалница и награда од страна на Делегација на ЕУ во РМ, како и промотивни матријали со логото од ЕУ и брошури за ЕУ.Останатите учесници ќе добијат благодарници и промотивни матријали со логото на ЕУ и брошури за ЕУ, изјави Доц. д-р Мирјана Ристовска професор на Правниот факултет

Во делот за балканската рута свој дел имаште професорката Ангелина Станојоска.

– Кај нас имаше случаи на индивидуално пренесување на мигранти кога физички лица пренесуваја со своите автомобило мигранти до границата со Србија, но во европски рамки криминалните мрежи се тие кои што работат и најчесто работат на типот фриленсери односно секоја различна функција на луѓето во организираните криминални групи е базирана на фриленсери, тоа се слобдни мрежи кои што функционираат на таков начин, изјави доц. Д-р Ангелина Станојоска професор на Правниот факултет.

Центарот за податоци и информации за Европската Унија при Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола во соработка со правниот факултет УКЛО и Институтот за истражување и европски студии Битола, традицонално како и секоја година така и оваа го организираа овој настани.