Европа и Турција го затворија небото за руските воени авиони

0
404

Руските пилоти кои извршуваат задачи во борбата против терористичките групи во Сирија биле принудени да прават круг околу Европа, бидејќи небото на европските земји и Турција за нив било затворено, соопшти руското министерство за одбрана, пренесува Спутник.

Земјите од Европа и Турција го затворија своето небо за авионите на руската воена авијација кои извршуват напади врз позициите на Исламска држава во Сирија, поради што пилотите беа принудени да наоѓаат забиколен пат, изјави генерал-мајорот Анатолиј Коновалов.

 „Оленогорск е нашиот најсеверен аеродром, што ни овозможува зголемување на дострелот и полнење гориво во воздух. Имаше одредени моменти кога беше исклучена алтернативната реализација на задачите. Меѓутоа, Европа и Турција не ги пуштаа (авионите)“, изјави Коновалов.