Европа со нов закон ќе се штити од загадувањето

0
355

Пет воздушни загадувачи предизвикуваат прерана смрт на околу 400.000 лица во земјите на ЕУ. Денес ЕУ одлучи да воведе нови стандарди кои ќе ја намалат оваа алармантна бројка за 50 проценти до 2030 година.

Петте воздушни загадувачи се сулфур диоксид (SO2), оксиди на нитроген (NOx), неметански органски честички (NMVOC), амонијак (NH3) и ПМ честичките, помали од 2,5 микромилиметри во дијаметар.

Новото законодавство беше одобрено денес во Европскиот парламент откако сите земји членки на ЕУ дадоа зелено светло. Тоа истовремено треба да ги намали и здравствените трошоци на државите членки.

Новиот закон фиксира прецизни бројки на плафонот на емисии на загадувачи што секоја земја треба да го примени. Така емисијата на азот оксид треба да се намали на 63 отсто во однос на 2005 година. За амонијакот намалувањето треба да биде од 19 отсто, за сулфур диоксид од 79 отсто а за ПМ честичките од 49 отсто.

Без коментари

LEAVE A REPLY