Европа во итна ситуација за спречување нови напади

0
327

Американскиот државен секретар Џон Кери оцени синоќа дека Европа се соочува со итна ситуација да спречи нови напади по оние на 22 март во Брисел во кој загинаа триесетина луѓе, а над 340 беа ранети. „Мислам дека сите сме загрижени, бидејќи неколку години од Сирија и од другите конфликтни зони се враќаат странски борци и се кријат во разни заедници во Европа“. Рече Кери за телевизијата Си Би Ес.