Европол откри мрежа на шверц на коњско месо, 65 уапсени

0
781

Европската полициска агенција Европол соопшти дека открила голема мрежа на шверц на коњско месо по истрагата спроведена во Шпанија.

Европол додава дека во шверцот биле вклучени осум земји, а организаторот бил уапсен во Белгија.

Уапсени се 65 лица, против кои се поднесени кривични пријави за злоупотреба на животни, лажни производи, перење пари и членство во криминална група, се вели во соопштението на Европол.

Истрагата почнала во 2016 година во Шпанија по откривањето сомнителни активности во врска со пазарот на коњско месо.

Шпанската полиција во април почна операција против шверц на коњско месо што не било за исхрана на луѓето.

Весникот Паис пренесе дека операцијата особено се однесувала на холандскиот брокер Јан Фасен, под истрага во Франција поради скандал во врска со продажба на замрзнати лазањи со мелено коњско месо што не било за исхрана на луѓето. Оваа афера погоди неколку европски земји во 2013 година.

Европол денеска изјави дека е приведен холандски бизнисмен поврзан со другиот Холанѓанец уапсен во Белгија, за кој се верува дека бил организатор на шверцот.

www.mkd.mk