Европска недела на кодирањето во Коле Канински

0
383

Како на забавен начин да им се доближи на учениците кодирањето и дигиталната писменост? Основното училиште Коле Канински со повеќе активности се вклучи во одбележувањето на Европската недела на кодирањето. Целта е учениците да ги прифатат брзите промени на технологијата.

21-10-opstina-still006

-Имавме три активности кои што се мапираа на картата на Европа. Ова е Европска недела на кодирањето. На првата и втората работилница учениците од ОУ Коле Канински и учениците од ОУ Ѓорѓи Сугарев програмираа стрип, на вториот ден се приклучија и учениците од ОУ Елпида Караманди. Денес имаме самостојна работилница со роботика. Сето тоа е во рамки на годишната програма за слободни ученички активности односно Клубот на млади информатичари, кој што го има предвидено во својата програма, изјави Лидија Павловска, директор на ОУ Коле Канински.

-Денес со лего коцки успеавме да ја направиме Ајфеловата кула, изјави Ана Ристевска, ученик во ОУ Коле Канински

21-10-opstina-still005

На одбележувањето на Европската недела на кодирањето, Ротаракт клубот од Битола, на учениците од подрачното училиште во с.Поешево им донираа магнетни табли

21-10-opstina-still004

-Ротаракт клубот тука е со цел да ја продолжиме хуманата акција донирање на магнетни табли во основните училишта со цел за подобра едукација на децата.Наша цел се училиштата во руралните средини. Дониравме две табли во училиштето во с.Поешево, училиштето во с.Дедебалци и училиштето во с.Ношпал, изјави Николче Робевски, претседател на Ротаракт клубот-Битола

-Голема благодарност до Ротаракт клубот за донирањето на ваквите табли за едукација на децата, додаде Павловска

21-10-opstina-still003

Во клубот на Млади информатичари членуваат ученици од петто и шесто одделение кои што учат информатика. Европската недела на кодирањето ќе трае до 23 октомври.