Европски град кој е „изгор“ скап за излегување

0
494

Цирих е најскап град за излегување.

Втора година по ред Швајцарија се наоѓа на прво место на листата на најскапи градови за состаноци. Ова се гледа од податоците на  извештајот „Mapping the World’s Prices“ на „Deutsche Bank“.

Една вечер надвор, за која истражувањето зема в предвид трошоци за такси, вечера за двајца, безалкохолни пијалаци, два билети за кино и неколку пива, чини 195,90 долари или со 147% повеќе отколку во Њујорк, кој го зазема седмото место.

Целта на истражувањето е да даде појасна идеја дали девизните курсеви всушност се коригираат за да отстранат големите разлики во цените во одделните држави.

Местото на Швајцарија на врвот сепак би требало да даде џокер на инвеститорите и барателите партнери дека работите ретко се толку едноставни како што изгледаат. Поради силната валута на државата локалните цени изгледаат прилично високи во однос на нејзините европски соседи.

Париз, каде средбите не се одразуваат неразумно многу на паричникот, е рангиран на 17-то место од 47, а најприфатливите места за состаноци се Куала Лумпур, Џакарта и Манила.

Евтино е во Чешка, Нов Зеланд и Јужна Африка.