Европскиот контекст на словенечката ликовна уметност

0
326

Изложбата „Европскиот контекст на словенечката ликовна уметност“ беше отворена во НУ.Завод и музеј Битола, во рамки на Меѓународното графичко триенале Битола.

Изложбата е посветена на Хиероним Видмар, во чија чест беа презентирани делата на Јемец, Чоп, Карниолус, Фрелих, Гвардјанчич, Орач, Хузјан.

Изложбата беше отворена од директорот на битолскиот Завод и музј, Зоран Алтипармаков, д-р Фанче Јошевска и уметничкиот раководител на триеналето Владо Ѓорески.

 

Словенечката современа ликовна уметност има свое над сто годишно траење, кое низ целиот период докажува дека нејзиниот живот во европските и светските простори е сериозно забележан, почитуван и најдостоинствено и афирмативно истакнуван.

– Видмар е човекот кој со својата севкупна посеветност и верба успеа да ги отвори новите патишта на развивањата, дијалогот, вистинското присуство, или како што еден од најистакнатите словенечки ликовни уметници Андреј Јемец го нарече-Хиероним е светецот на словенечката ликовна уметност-беше истакнато на изложбата.