Европскиот Парламент бара што побрзо Британија да замине од ЕУ

0
307

Европскиот Парламент денеска ја повика Велика Британија што поскоро да го отпочне процесот за излез од Европската унија, откако Британците на референдум со мнозинство гласови ја поддржаа оваа опција.

– Велика Британија мора да ја почитува желбата на мнозинството на граѓаните во целост и што е можно поскоро официјално да се повлече од Европската унија, пред да може да се направат какви било нови аранжмани, се наведува во декларацијата што ја усвои Европскиот парламент на вонредна седница во Брисел посветена на референдум за излез на Велика Британија од Унијата.

Европратениците, исто така ја нагласија и итната потреба од реформи во ЕУ за да се обезбеди Унијата ги оствари очекувањата на граѓаните.

По дебатата меѓу лидерите на парламентарните политички групи, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и холандската министерка Жанин Хенис-Пласхерт, како претставник на ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Европарламентот изгласа резолуција за тоа што и претстои на Унијата по референдумот во Велика Британија на 23 јуни.

Текстот на декларацијата беше одобрен со 395 гласови „за“, 200 „против“ и 71 „воздржани“.