Фабриката на Дедо Мраз

0
730

Фабриката на Дедо Мраз работи во полна пареа. Децата присуствуваат на креативни работилници за изработка на играчки, лампиони, новогодишни честитки, ликовни и театарски работилници, работилници за пишување писмо до Дедо Мраз итн.
На едукативните работилници децата учат дека најубавите нешта во светот не може да ги видиме и допреме, туку само да ги почувствуваме со срцето. Тука се поттикнуваат децата на хуманост, помагање, споделување и на почитување на вистинските вредности.

Фабриката е простор каде може да се донира облека, играчки, нерасиплива храна и средства за хигиена а децата можат да учествуваат во создавањето и креирањето на подобар свет за оние на кои им треба поддршка и помош.
Оваа година собраните средства ќе бидат наменети за социјално загрозените семејства од Битола кои ќе се идентификуваат во соработка со Општинската организација на Црвен крст во Битола и со Народната кујна.

АПЕЛ до сите Битолчани големи и мали: ДОНИРАЈТЕ! Никогаш не е доцна за да се помогне некому. За информации обратете се на Фејзбук странта:
www.facebook.com/Куќичката-на-Дедо-Мраз

Фабриката на Дедо Мраз е сместе на куќата на Елени Каринте, над кафе бар Барфлај.