Facebook алатка во македонското образование?

0
1523

Секојдневни се критиките или пак отценките за влијанието на социјалните мрежи врз децата. Доминатираат тезите дека тие штетно влијаат врз нив. Од друга страна се позачестени се, условно речено обврските дадени од страна на наставниците дека учениците треба да бидат дел од школска затворена група на facebook

milica

– На тој начин кај детето се брише обврската која што треба да ја направи бидејќи она што наставникот што го предавал на часот за домашното, друго се памети на час а друго да е да се чита задача од екран, изјави Милица Роџевска, педагог

За да се биде дел од групата, или треба родителот преку својот профил да се најави или да отвори профил на неговото малолетно дете со лажен податок дека има 18 години.Дел од родителите велат дека на стартот на школската година им било побарано да потшпишат согласност за ваквата група.

-Користењето на информатичката технологи е нов тренд, меѓутоа мислам дека се претерува, во смисла се се закажува на I-mail адресите. Личниот контакт го препочитам кога наставникот ќе исконтактира лично со родителот на својот ученик. И тој може да добие многу други сознанија него да се комуницира преку социјална мрежа, вели Милица Роџевска, педагог

Само овој месец мрежата на Цукенберг падна три пати по повеќе од половина час. Оние кои тогаш требаше да прочитаат за некоја обврска на училиште сигорно беа во паника.

Без коментари

LEAVE A REPLY