Facebook Watch ќе биде нова видео платформа достапна за сите

0
449

Гледањето видеа на „Фејсбук“ има неверојатна моќ во поврзувањето на луѓето, поттикнувајќи разговори. На „Фејсбук“, видеата се откриваат преку пријатели и со тоа се приближуваат заедниците. Сè поголем број луѓе уживаат во ова искуства – тие сакаат да откриваат видеа на нивните почетни страници, но сакаат и место каде што ќе можат да гледаат видеа.

Токму затоа „Фејсбук“ минатата година го објави „Видео таб“ во Америка, со што понуди предвидливо место за наоѓање видеа. Сега оваа социјална мрежа сака на корисниците да им овозможи да ги гледаат и да се чекор со нивните омилени шоуа.

„Watch“ е нова платформа за шоуа на Фејсбук. Платформата ќе биде достапна за мобилен, десктоп и лаптоп и за ТВ. Шоуата се состојат од епизоди – во живо или снимени. За да бидете во чекор со шоуата што ги следите, постои листа за следење, за да не ги пропуштите најновите епизоди.

Без коментари