Фаготисимо од Романија со концерт на Интерфест

0
3291

Во рамките на Интерфест беше одржан концерт на квартетот фаготи „Фаготисимо“ од Романија.
Квартетот фаготи „Фаготисимо“ е основан во 1999 година, кога тројцата фаготисти од Филхармонискиот оркестар „Михаил Јора“: Михал Тимофти, Костика Маркут и Павел Јонеску, заедно со својот колега кој е прв фагот во Филхармонијата на Молдавија – Георге Харитон, одлучиле да ја истражуваат импресивната палета на бои кои ги има овој инструмент.
Репертоарот на овој квартет се состои од широк спектар на музички стилови: од барокна музика, па се до современи дела кои се компонирани и наменети за оваа формација.

Квартетот има настапувано на голем број концерти во својата држава, но и надовр од неа во Италија, Франција, Германија, Молдавија, Украина, Грција и Бугарија. Има настапувано на многу фестивали, како и во театри како што се: „Piccolo Reggio“ во Турин, „Teatro Zanon“ во Удине, „Palazzo Magnani“, „ Megaron-Salonic “ и други.

Без коментари

LEAVE A REPLY