Фактор на дамите им го подарува Женски Магазин

0
186

По 5 години развој на проектот Фактор, нашата понуда ја шириме со нов производ. Од денес, на медиумскиот пазар, понежниот пол ќе може да го чита „ Женски магазин “.

Секој проект има потреба од развој, доколку сака да остави печат на пазарот и во иднина. Женската публика е посебно значајна. Токму затоа решивме да се фокусираме на нејзините потреби. Истражувањата на оваа таргет група, одлучивме да ги задоволиме со продуктот кој е обликуван да ги задоволи потребите и барањата на дамите, да одговара на нивните прашања од сите сфери.

Од октомври македонскиот медиумски простор е збогатен со Женски Магазин. Новиот медиум ќе биде достапен преку веб платформата на: www.zenskimagazin.mk.

Фактор и во изминативе 5 години покажа сериозност. Се трудевме да ги почитуваме стандардите на новинарството, да одговориме на барањата на пазарот, да ги почитуваме барањата на специфичните групи, да се бориме со предизвиците на времето во кое делувавме и ќе делуваме.

Пазарот во Македонија е сегментиран. Дами се похрабро се борат да се истакнат за заслужениот простор во нашето општество и во динамичното секојдневие. Токму и затоа, не треба да бидат занемарени. Фактор ја препозна оваа потреба и со почит ја анализираше од сите аспекти. Решивме да одговориме. Време е дамите да го добијат своето место на кое ќе ги продолжат своите битки.

Со Женски Магазин одлучивме, да ги отвориме темите на начин на кои ги отвора Фактор, но теми кои се од посебен интерес за женската популација, а за кои сметаме дека во нашиот медиумски простор  се запоставени. Не во смисла дека досега не се дискутирани, туку на начинот на кој се обработени и пласирани во јавноста. Со ваквиот потег цврсто сме убедени дека обезбедуваме win-win ситуација. Публиката добива интересни и корисни четива, а нашата медиумска група само дополнително ја засилува симбиозата со читателите. „Фактор магазин“ е потврда за претходната констатација. За само една сезона оваа емисија успеавме да ја етаблираме на високо конкурентниот медиумски пазар. И не случајно што од оваа сезона се емитуваме повторно на Телевизија 24 во prime time во терминот од 21 часот во недела.

Затоа предизвикот продолжува, но овој пат со Женски Магазин, кој нема да биде наменет само за жените. Ние ќе им се обраќаме ним, но силно сме уверени дека не помалку интересни ќе бидеме и за машката и тинејџерската популација. Начинот на третирање на сите отворени прашања, преку анализи, коментари и стручни размислувања од директно инволвираните личности во дадена област кои ќе бидат и наши соработници е тоа што Женски Магазин ќе го направи поразличен од другите портали од овој тип. Ќе нудиме совети, предлози, укажувања, помош директно од „изворот“. Познатите стилисти, креатори, make up артисти, лекари, педагози, психолози кои ќе соработуваат со www.zenskimagazin.mk ќе се обидат, не по принципот на расипан телефон, со прераскажување, туку директно да ви кажат што тие мислат за даден проблем или прашање.

Интервјуата со познати личности од светот на естрадата, спортот, политиката, науката, несомнено ќе бидат наш предизвик, но не на начин на кој некои медиуми тоа досега го реализираат. Нашата новинарка Милица Џароска гарантира дека животните стории на нашите гости ќе го привлечат вниманието на читателите, но во исто време задоволството ќе го имаат и оние за кои се срочени четивата. Уредувачката палка со која ќе управува Вики Чадиковска е потврда дека сето ова што овде е кажано ќе биде и навистина имплементирано. А имињата на соработниците, не сакаме сега да ви ги откриваме. Оставаме полека, но сигурно да влегуваат во вашиот дом преку Женски  Магазин.

Денеска е првиот ден на www.zenskimagazin.mk. Предизвиците се пред нас, но и пред вас. Уверени сме дека ако заедно растеме, тоа ќе го направиме поздраво и поквалитетно. Вашите коментари ќе ни бидат од посебно значење и интерес. Нив како и во Фактор секојдневно ќе ги очекуваме и се надеваме дека само така може уште повеќе да одговориме на вашите барања. На тој начин вие ќе биде позадоволни, а ние поуспешни. Впрочем, забавата може да почне!

Редакција Фактор

Без коментари