ФАКТОР НА ГОДИНАТА Дали во Ленче Здравкин Балканот ја има новата Мајка Тереза?

0
968

Ленче Здравкин, жената која својата куќа во Велес, близу железничката пруга, ја претвори во магацин и прифатилиште за мигранти, доби признание од страна на УНХЦР.

Таа важи за еден од од најактивните хуманитарци во Македонија, па во нејзината куќа бегалците можат да добијат вода, храна, прва помош, но и да одморат од својата голгота.

Ленче Здравкин вели дека нејзината хуманост била поттикната од страдањата кои ги забележала кај децата, мајките и бремените жени.

Таа повеќе од две години им помага на мигрантите . Во интревјуто за Фактор порачува  „Земјината топка е убава доколку немаме граници, немаме бодликави жици. Секој човек заслужува да има достоинствен живот“ . За нас  „ФАКТОР НА ГОДИНАТА Е  ЛЕНЧЕ ЗДРАВКИН …“

Разговараше Горазд Чомовски

Фактор: Вие сте најприсутната Македонка во светските медиуми,  голем дел од бегалците  Ве споредуваат со Мајка Тереза.  Веќе 2 години им помагате на  мигрантите кои поминуваат крај вашата куќа. Од каде кај Вас  таа хуманост, енергичност и подготвеност да  им излезет во пресрет на сите оние кои  се во потрага по подобар живот?

Ленче Здравкин: Од првиот ден кога приметив помали групи на момцинја како се измацуваат по железничките пруги и автопатиштата не можев да останам имуна а да не им помогнам. Нивната изнемоштеност од прегладнување и  долго пешачење многу често беше фатално по нивниот зивот. За криумчарите исто така беа многу лесен плен.Сите молчеа и не ги приметуваа како на нивниоте плеки носат по едно парталаво ранче, а во него им беѓе собран сиот зивот и минатото и иднината…Од ден на ден групите се зголемуваа почнаа цели семејства мајки со мали деца инвалиди,стари изнемоштени луѓе. Помош беше потребна ,а никој не се одзиваше. Законот за бегалци во тоа време се уште не беше донесен  и беше тешко за да ја пропешачат Македонија. Бегалците се молеа  клечеа на коленици за помош но во исто време и благословуваа кога ќе им понудев  храна ,вода или преврска.

11225266_886920044719407_8554993295420742549_o

Фактор: Вашиот дом  кој за многумина важи за  Куќата на спасот“ е своевиден хуманитарен „хотел“ за гладните, жедни, уморни и болни бегалци.  Во еден период и по 200 – 300  луѓе  одеднаш ви се појавуваапред врата. Како успеавте финансиски  па и физички да го издржите сиот овој  период?

Ленче Здравкин: Долго време сама со семејството се справував како да нахраниме повеќе гладни усти.Пазарев во магацини на големо и се трудев секогаш да добијам  повеќе за помалку пари, не беше воопшто лесно, се додека  не ми се приклучија пријателите, соседите и сето тоа да прерасне во една граѓанска иницијатива „ПОМОШ ЗА БЕГАЛЦИТЕ“.

Не очекувано еден ноемвриски ден ме посети господин Јасмин Реџепи со неговата невладина организација нудејќи ми помош. Потоа  следеа посетите од УНХЦР,Црвен крст  и повеке институции. Моите велешани беа најбројни но да се заблагодарам на граѓаните на Скопје,Тетово Струга,Кичево Струга ,Охрид,Битола Прилеп,Штип ,Струмица,Коцани, село Оризари велеско, како и многу  хумани луѓе од Данска Америка Јапонија.

11218155_1018944348136005_5272812640421615046_n

Фактор: Покрај поддршка која ја имате од сопругот тука се и двајцата  синови, снаата, и најмладиот член на семејството Здравкин – внукот Ангел.  Секојдневно патувате со автобус или кола по 240 км Велес – Гевгелија и назад, и преку целиот ден се соочува со нивните животни приказни кои се тажни.   Ви забалежуваат ли најблиските што не поминуваате повеќе време со нив?    

Ленче Здравкин: Со целосната поддршка што ја добивам од моето семејство јас можам целосно да им се посветам на бегалците. Сопругот и синовите често доаѓаат со мене во Гевгелија придружувајќи ме во активностите како во подготовка,сортирањеи делење на помошта. Внукот Ангел секоја вечер кога ќе се вратам  знае да ме праѓа: ИМ ДАДЕ ЛИ ВОДА НА БЕГАЛЦИТЕ, КОГА КЕ СТАСААТ БЕГАЛЦИТЕ ДОМА?? Ангел често ми испраќа и по некоја играчка од неговите да им однесам на децата….

Фактор: Поради обврските спиете само 4 часа дневно. Телефонот постојано го држите во рака. Вие и вашиот сопруг сте  сопственици на локалната телевизија. Како успевате да одговорите на  секојдневните предизвици и проблеми на кои наидувате?

Ленче Здравкин: Да со сопругот сме сопственици на локален медиум па и привилегијата да отсуствувам  од работа.Тоа ми го овозможува директорот(ха, ха, ха) .  Многу често знам да завршам  и по некоја работна обврска по телефон додека сум во центарот Винојуг или додека се возам во автобус.  Секојдневно имаме и проблеми кои тековно ги разрешуваме и се носиме со нив во ова турболнтно време.

Инаку не ни можам да спијам подолго кога знам дека илијадници мали деца чекаат на граничниот премин  да ги пушти чичкото полицаец. Родителите стрпливо ги смируваат со збор нивните гладни месшиња. Се случува бегалците додека да влезат во Македонија и по неколку дена да не бидат јадени .

11742855_983263815037392_3078901313950114689_n

Фактор: Постои ли приказна која Ви оставила посебен впечаток и дали сте  во контакт со мигрантите на кои сте им помогнале?

Ленче Здравкин: Да секојдневно се соочувам со многу животни приказни кои за зал се тазни, многу ги има.Постојано контактирам со бегалците скоро секојдневно ми писуваат и ме известуваат усте колку месеци имостануваат да ги добијат документите за престој .Има бегалци кои заминале во Германија,Холандија, Австрија. Речиси сите посетуваат курсеви и го учат јазикот .

Фактор: Како ги доживувате неколкуте признанија кои Ви беа доделени за  хуманоста и пожртвуваност. На социјалните мрежи има многу пофалби за вашата работа ?

Ленче Здравкин: Наградите секако ми се драги, но сите тие од срце им  ги препишувам на семејствата, пријателите, донаторите, волонтерите, невладините организации, севкупната јавност, зошто  Македонија е гостопримлива земја,  а нашите граѓани се многу хумани .

12341205_1049867341710372_8293141299953332459_n

Фактор:  Која би била пораката за мигрантите што би сакале да ја упатите на другите луѓе, Владата ?

Ленче Здравкин:  На целокупниот народ, на сите влади од целиот свет би им порачала дека земјината топка е убава доколку немаме граници, немаме бодликави жици. Секој човек заслужува да има достоинствен живот. На сите  ни е потребен мирот и љубовта!

www.faktor.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY