Фала од Новаци за Словенија

0
772

Врачени благодарници за финансиската помош која што општина Хрпеље-Козина, Р.Словенија и ја даде на општина Новаци за санирање на минатогодишните поплави. На покана од градоначалникот на Новаци во неколкудневна посета на општината престојува делегација од Р.Словенија предводена од новата градоначалничка на општина Хрпеље-Козина. Се одржа и свечена седница на која што претставниците од двете општини ги кажаа ставовите околу заедничките проблеми и интереси кои што ги имаат во делот на културата, образованието, инфраструктурата и спортот

-Голема благодарност до општина Хрпеље-Козина кои што во најтешките моменти ни помогнаа полесно да можиме да се справиме со водената стихија.Ние бевме во посета на нивната општина, и драго ние што тие денеска се тука кај нас, изјави Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци

Ова е прва посета на општина Новаци на новата градоначалничка на општина Хрпеље-Козина, Р.Словенија, по промената на политичката структура кај нив

-Ние со општина Новаци неколку години соработуваме. Со задоволство ја прифативме поканата од градоначалникот и дојдовме во посета на општината. Кај нас политичката структура се промени, но тоа ништо не значи, ние и понатаму ќе соработуваме, па можеби и ќе се збратимиме. Многу сме слични како општини, имаме слични проблеми и јас се надевам дека ќе пронајдеме проекти кои што заеднички ќе ги оствариме. Многу би била среќна ако и нашите училишта се збратимат, да нашите деца го почувствуваат духот на поранешна Југославија, за тоа како ние живеевме , како бевме пријатели, како бевме среќни во државата каква што беше Југославија, изјави Саша Ликавец Светелшек, градоначалник на општина Хрпеље-Козина, Р.Словенија.

При денешната посета на Новаци, делегацијата од Словенија го посети и ОУ Славко Лумбарковски, градинката Бамби, РЕК и ЗК Пелагонија