Фалкао се враќа во Монако

0
181

Радамел Фалкао во следната сезона нема да го гледаме во дресот на Манчестер Јунајтед откако англискиот премиерлигаш реши да не го користи правото за откуп на напаѓачот за 58 милиони евра.

Од Манчестер Јунајтед потврдија дека Фалкао се враќа во Монако а тренерот на „Ѓаволите“, Луи Ван Гал за официјалниот сајт на клубот изјави: „Фалкао е топ професионалец и добро човечко суштество. Во мое и во име на сите во клубот му посакувам се најдобро во иднина.“

Фалкао одигра вкупно 29 натпревари на кои најчесто влегуваше од клупата за резерви и постигна четири гола.