Фалсификувал меѓународна возачка дозвола

0
578

На 25.11.2015  год. ПС Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Н.Н.(42) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело  „фалсификување исправа“. Пријавениот, во два наврати во 2011 година и во 2014 година, со компјутерска техника на својата возачка дозвола додал уште една категорија. Покрај категоријата „Б“ што ја имал положено тој ја додавал и категоријата „А“ со намера да добие меѓународна  возачка дозвола со двете категории. Меѓународната дозвола ја користел за управување на веспа со зафатнина на моторот поголема од 50 см3 во Република Грција. Првото фалсификување го направил на име Р.Н. во 2011 година, додека второто фалсификување го направил во 2014 откако го сменил личното во Р.Н.Н.