Фалсификувани пари во Бистрица

0
1812

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Ш. (39) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Во периодот од 15.06. до 07.07.2016 година во с. Бистрица, битолско, пуштил во оптек две лажни банкноти во апоени од по 100 евра со ист сериски број, при купување на добиток од В.П. и нејзиниот син В.П. од с. Бистрица.