Фантастичен концерт на Ван Гог во Битола

0
3847

Пред преполниот амфитеатар на античкиот локалитет Хераклеа,српската легендарна рок група Ван Гог, одржаа концерт.
По пауза од 6 години, кога беа во Битола како дел од Битола отворен град, повторно сега се поклонија на битолската публика преку музиката.

-Концертот во Битола е дел од промотивната турнеја за албумот Неумерен во се.Претходниот албум Лавиринт мислам дека најубавата промоција ја имаше токму во Македонија-истакна Џукиќ во интервјуто за Тера телевизија.

 

image

За песната Анѓелу,брату мој,Џукиќ истакна дека сакаат да снимат и македонски видео запис кој е еден вид подарок од срце од Ван Гог за македонската публика.

Концертот помина во нивни препознатлив стил, публиката заедно со нив цело време ги пееше нивните добро познати хитови, а вокалот на Ван Гог-Звонимир Џукиќ, се прошета помеѓу публиката и се фотографираше со своите фанови.

Следната година Ван Гог слават 30 години на музичка сцена,а јубилејот ќе го одбележат со снимање на акустичен албум.