Фантастичниот Еурофарм од Литванија се враќа со виза за европска пролет

0
385

Еурофарм Работник обезбедија пласман во Челинџ Купот. Битолскиот суперлигаш започна да ја пишува и европската историја и обезбеди пласман во осминафиналето од ова натпреварување. Тимот предводен од Илија Темелковски славеше и на гостински терен против Гранитас Каунас со 23-29 и потврди дека е подобар колектив од литванскиот претставник.

Битолчани добро го почнаа мечот и со два гола на Ојлески и по еден на Дрогришки, Чурлевски и Кукоски по првите 12-13 минути одржуваа егал ситуација на семафорот (5-5). Древинскас и Старолис постигнаа по два гола на поставена одбрана, но екипата на Еурофарм Работник одлично ги контролираше работите на паркетот.

Колективот функционираше беспрекорно и со многу леснотија македонскиот тим го приведе натпреварот кон крај за финалниа победа од 23-29.

Најефикасни во екипата на Еурофарм Работник беа Ојлески со 7, Граџан со 5 и Пецаковски со 4 гола, а кај домашниот Гранитас Каунас се истакна Древинскас со 7 гола.

Ждрепката за осминафиналето на Челинџ Купот е во вторник во Виена.

Без коментари