Фатени двајца прилепчани кои запалиле возило во Ресен

0
751

Полицијата фати двајца прилепчани кои запалиле автомобил и уште едно возило го полиле со запалива течност во Ресен.
Двете возила биле сопственост на ресенчанец. Инцидентот се случил во саботата кога пријавените запалиле автомобил „форд ескорт“, а другиот автомобил „лада нива“, кој бил во близина на првиот, го полиле со запалива течност, но не го запалиле.

Полицијата ги идентификувала можните сторители, а на магистералниот пат Ресен – Битола ги затекнале во возило и ги уапсиле.

Против двајцата прилепчани на возраст од 20 и 26 години поднесена е кривична пријаа за предзивикување општа опасност./крај/мф