Фатете се на оро и растете здраво

0
1844

Има луге кои едвај чекаат да одат на свадба за да се изнаиграат. Има такви кои ќе завртат некое оро само во чест на малденците, но има и такви кои ништо не може да ги натера да се фатат на оро. Некои велат табиети се во прашање, а кога станува збор за децата и тие со свои светови.

Во Битола речиси сите ансамбли имаат и детски групи. Дали се оди таму заради екскурзиите, заради тоа што се сака фолклорто, дружба и социјалзиација.Не само тоа, има и една друга придобивка.
Народните ора позитивно делуваат врз психо-моторниот развој на личноста на детето,почнувајќи од екстремитетите до предниот кош како и до изразот на лицето со што доаѓа до целосно обликувањена телото.

Преку ората се развиваат и карактерните особини, како што се храброст, издржливост и истрајност.Така детето се стекнува со потребна брзина и кординација на движења, ритмички израз со музика и јавна изведба преку што детето се чувствува важно и стекнува самодоверба.
Играта е значајна за развивање на телото, преку играта се активира детскиот организам кој е во прцес на растот и развој.Ората овозможуваат активирање на сите зглобови, спречува лошо држење на телото, со што се стекнува и кондиција.

Исто така, децата низ ората ги вршат работите кои се важни за развојот на одредени делови од телото, кои се основа за подоцна активен спорт. Низ орото се учи како правилно да се држи телото, што тоа е здравствен и естетски проблем на денешните деца.

Народните ора стимулативно делуваат на развојот на органите за дишење и крвотокот. Игри се одличен начин за создавање другарство.Понекогаш родителите се скептични и ивелат дека машкото не е за оро , туку за други спортски активности но Соклевски вели дека
Орото е за сите , никој не е помалку маж доколку игра оро , тоа не е процена за машкоста.Орото има универзална вредност кога играат машки и женски лица.