ФБИ доби судска наредба да ги истражи новооткриените мејлови на Клинтон

0
211

Демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон претрпе нов удар откако Федералното истражно биро објави дека води истрага за новооткриени пораки од компјутерот на Хума Абедин, висока помошничка на Клинтон. На неколку дена пред изборите на 8 ноември, тајмингот на објавувањето ги загрижи демократите.

Тоа особено ако се има предвид дека нивниот кандидат Хилари Клинтон има предност над републиканскиот ривал Доналд Трамп.

Трамп ја пофали одлуката, оценувајќи дека тоа покренува сериозни прашања за тоа дали на Клинтон може да ѝ се верува како претседател. Клинтон, пак, само неколку часа по објавувањето на веста рече:

„Ние сме 11 дена од можеби најважниот национален избор на нашите животи. Императив е Бирото да го објасни ова прашање, какво и да е, без одлагање“, рече таа.

Освен неа и многумина демократи, вклучувајќи и членови на Конгресот, побараа од директорот на ФБИ Џејмс Коми да обезбеди целосно објаснување за истрагата што је презел за тоа што Клинтон користела приватен сервер за електронска пошта.