FBI го истражува Блатер за вмешаност во корупцијата во ФИФА

0
121

Американското министерство за правда и Федералното биро за истраги на САД (FBI) го истражуваат Јозеф Сеп Блатер за евентуална вмешаност во корупцискиот скандал во Меѓународната фудбалска федерација, објави во вторникот навечер американската телевизиска мрежа ABC News, неколку часа откако Швајцарецот поднесе оставка на функцијата четири дена откако беше повторни избран за претседател на ФИФА.

Минатата седмица десетина функционери на ФИФА беа уапсени во хотел на ФИФА под обвинение за корупција. Обвинителите соопштија за голем корупциски скандал во ФИФА во текот на последните две децении во врска со доделувањето на организациите на Светските фудбалски првенства, маркетингот и правата за телевизиски преноси. Обвинението вклучува и измами, рекетирање и перење пари.

Извори запознаени со случајот за телевизијата изјавиле дека FBI и американското обвинителство проучуваат можна поврзаност на Блатер во страгата која минатата седмица доведе до незамисливи обвиненија.

Засега нена официјална потврда на оваа информација. Официјално FBI одбиле да коментираат, бидејќи Блатер уште официјално не е објавен како личност вклучена во случајот.

Претходно во вторникот Швајцарското државно обвинителство (OAG) објави дека не го истражува Блатер, нагласувајќи дека неговата оставка нема никаква поврзаност,ниту ќе влијае врз неодамнешните криминални случаи во ФИФА.

Блатер во вторникот навечер на вонредната прес-конферецнија соопшти дека поднесува оставка иако пред само четири дена победи на изборите освојувајќи ги петтиот последователен мандат на чело на ФИФА од 1998 година.

 „Имам мандат да ја водам ФИФА, но заминувам бидејќи чувствувам дека немам мандат од фудбалскиот свет, навивачите, играчите, клубовите и луѓето кои дишат за фудбалот“, порача меѓу другото Блатер.

Ова е најтешкиот период во 111-годишната историја на светската фудбалска асоцијација. Западните медиуми особено се насочени на тоа дека истрагата наводно е во врска со доделувањето на организациите на светските фудбалски шампионати во 2018 и 2022 година, на Русија односно Катар. Меѓутоа, многумина гледаат и политичка заднина во притисоците за одземање или бојкотирање на мундијалот на Русија, кој се врши и преку откажувања на спонзорите.

Швајцарската полиција минатата среда на барање на американските власти приведе низа поранешни и актуелни високи функционери на ФИФА во Цирих, а можната корупциска афера ја проценува на 100 милиони долари. Меѓу уапсените се и двајцата потпретседатели на ФИФА, Џефри Веб од Кајманските острови и Еугенио Фигуередо од Уругвај./крај/мф/сн

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax