ФБИ потроши над еден милион долари за отварање на ајфон

0
497

ФБИ плати над еден милион долари за хакери, кои требаше да ја разбијат заштитата на ајфонот на еден од напаѓачите во Сан Бернардино, изјави директорот на Бирото, Џејмс Коми.

Тој одговарајќи на прашање на конференција за безбедноста, која се одржа во Лондон, во врска со сумата, платена од ФБИ за отварање на смартфонот, одговори: „Плативме многу. Со сигурност сумата е поголема од таа што ќе ја заработам, додека истече мојот мандат на оваа функција по седум години и четири месеци“.

Платата на Коми е 14.900 месечно, а според овој показател ФБИ за деблокирање на телефонот платила 1,3 милиони долари.

ФБИ и компанијата Епл водеа судски спор поради смартфонот на Сајед Фарук. Епл одби да ги деблокира и го принуди ФБИ сам да се справи со ситуацијата.

Без коментари

LEAVE A REPLY