ФБИ повторно ја отвора истрагата против неа

0
345
Американското федерално истражно биро се чини дека повторно ќе го отвори процесот против Хилари Клинтон поради користењето на приватен сервер за испраќање на мејлови додека беше државен секретар на САД.

Директорот на ФБИ, Џејмс Комеј најави дека Американското федерално истражно биро ќе ги превземе сите „соодветни истражни мерки“ за да се утврди дали мејловите содржат класифицирани информации и најави „проценка на нивната важност за истрагата“.

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп после овие информации кои што пристигнаа од ФБИ веднаш реагираше од собирот во Манчестер во Њу Хемпшир од каде што изјави: „Корупцијата на Хилари Клинтон достигна невидени размери. Не можеме да дозволиме вакви сплетки да има и во Овалната соба“.

Без коментари

LEAVE A REPLY