Федерер закажа швајцарско четвртфинале на Рола Гарос

0
188

Вториот носител на Ролан Гарос, Роџер Федерер, избори пласман во четвртфиналето на турнирот, каде за противник ќе го има сонародникот Стен Вавринка. Меѓу осумте најдобри се пласираше и Давид Ферер откако славеше над Марин Чилиќ.

Федерер во меч кој траеше нешто повеќе од два часа, а кој се играше во два дена, го победи Гаел Монфилс со 3:1 (6:3, 4:6, 6:4, 6:1). Овие двајца мечот го започнаа во неделата, а беше прекинат при резултат 1:1 во сетови поради дожд.

Паузата повеќе му одговараше на Федерер, кој одигра колку што му е потребно за да забележи победа и да закаже швајцарска пресметка во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Меѓу осумте најдобри се пласираше и Давид Ферер со убедливата победа над Марин Чилиќ (6:2, 6:2, 6:4). Шпанецот во четвртфиналето за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Енди Мари и Жереми Шарди.