Feel the light, 37-мо издание на ИФФК.Браќа Манаки

0
743

Feel the light, е мотото на 37-то издание на филсмкиот фестивал Браќа Манаки. Годинава во главната програма Камера 300, ќе бидат прикажани 14 филмови чиј што избор е направен главно од фестивалите во Кан, Берлин, Венеција, а по еден и од Карлови Вари, Ротердам, Гетеборг.

Тука се традиционално и два македонски филмови, еден за отварање и еден за затварање на фестивалот, од кои Ослободување на Скопје со кој се отвара фестивалот е во конкуренција во главната програма.

Од аспект на кинематограферите, се продолжува врската, континуитетот на застапеност на оние кои веќе учествувале на предходни  изданија на фестивалот и се закитиле со награда.

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ специјалната награда Златна камера 300, за особен придонес во светската филмска уметност за 2016, ја додели на   американскиот и светски кинемaтографер Федон Папамихаил.

Тој има снимено над 40 филмови, вклучувајќи ги и последните три на режисерот Alexander Payne, меѓу кои и Небраска кој на Папамихаил му ја донесе првата номинација за Оскар.

Тој создава визуелна енергија во големите филмски хитови како “The Descendants“, ”Identity “, “Willie Nelson and the Teatro”, “Moonlight Mile”, “The Ides of March”, “ While you were Sleeping”, и многу други. Она што зборовите и дијалозите не можат да го искажат, тоа Федон Папамихаил помладиот, ни го приближува со најсоодветниот филмски клуч, моќен да отвори и затвори многу трансцедентни порти: камерата.

Импровизациите и непосредноста се главен дел од неговата тајна формула при соработката и со најголемите актерски имиња како Брус Дерн, Роберт Дувал, Дастин Хофман, Питер Фонда, Џорџ Клуни, Бо Бриџес, Џон Траволта, Џина Роулинг, Сузан Сарандон, Енди Мек Дауел, Николас Кејџ, Расел Кроу, Том Круз, Камерон Дијаз, Мариса Томеи, Хоакин Феникс, Рис Витерспун, Кристијан Беил… Тој е член на Американската асоцијација на кинематограферите (ASC) од 2000. година.

Фестивалот оваа година се затвара со македонскиот филм Златната петорка во режија на Горан Тренчовски, на кој филм кинематографер е Апостол Трпчевски.

Годинешното издание на фестивалот ќе се одржува од 10-ти до 17 ти септември.