Фејсбук со рекорд

0
309

Директорот на Фејсбук, Марк Закенберг го пофали достигнувањето во четвртокот.

„Во понеделникот, едно на секои седум лица на планетата Земја го користеа Фејсбук за да се поврзат со своите членови на семејството и пријатели“, кажа тој.  Ова е прв пат откако постоиме да го постигнеме овој рекорд и е само почеток во обидите да го поврземе целиот свет.  Поотворен и поповрзан свет е подобар свет.  Ги зацврстува врските со оние коишто ги сакате, обезбедува посилна економија со повеќе можности и посилно општество што ги отсликува сите наши вредности“.

Фејсбук е светски најголема социјална мрежа со 1,5 милијарди активни корисници месечно.

Закенберг го основаше Фејсбук во 2004-та година додека студирал на Универзитетот Харвард.

Без коментари

LEAVE A REPLY