Фекалии ја поплавија Љубојно

0
600

Првиот летен пороен дожд кој вчера ја зафати Битола предизвика проблеми на улицата Љубојно во населбата Баир. Неколку куќи се наполнија со вода во собите и помошните простории во дворовите. Жителите зад камера низ солзи велат цел живот печали за во десет минути да ти се уништи цел труд.

ljubojno poplava 04

Се ми е уништено и кревети и фрижидери, шпориња електрични, таму имав алати спасив само една хилта која беше повисоко качена.

Јас не бев дома кога се случи кога се вратив што да видам сега се е катастрофа. Фрижидери неупотребливи, кујната, купатилото, нишата се е фатено, велат жители од улицата Љубојно.

Гаражите се е фатено поплавено е.

poplava ljubojno 3 04

Кога се случило продирањето на водата по собите, незнаеле што да прават се јавиле во пожарна, полиција отишле во Нискоградба, од каде им рекле дека ќе пратат екипа. Додека ја снимавме маката што ги снајде овие луѓе, екипата пристигна, но заради дождот не можеле да интервенираат.

Каналот горе што го направија ни прави проблеми, цевка поголема сакаат да стават во помала цевка тоа е невозможно.

Никогаш претходно не се случило ова јас сум тука од 56 година, откако го ставија каналот тој е пропаднат и сега ни направи проблеми.

ljubojno poplava 2 04Од Нискоградба денеска не информираа дека се работи на Љубојно. Работниците биле на терен и работат на проблемот велат, кој настанал од наносен материјал, разни крпи и други материјали, ќе се интервенирало со копање.