Фекална и атмосферска канализација за ул. Никола Киров Мајски

0
1002

Со буџетски средства во висина од 6 милиони денари ЈП Нискоградба започна со работа на втората фаза од проктот изградба на фекална и атмосферска канализација на ул. Никола Киров Мајски во Брусничка Населба.

– Претходната година имавме интервенција овде, се изгради фекална и атмосферската канализација во должина од 170 метри а оваа година продолжуваме со нов договор, уште 170 метри ќе бидат направени,со што ќе ги поврзиме сите овие вили и куќи према Брусничка населба, изјави Кире Крстевски директор на ЈП Нискоградба

Поради временските услови оваа градежна сезона ЈП Нискоградба ја започнале порано. За оваа година имале склучено договори од над 40 милиони денари

– Преку 25 милиони ќе се работи во Касарната, ќе се прават сите улици во градот , ќе ја завршиме ул.Бистра која ја почнавме минатата година, додаде Крстевски

Последната година од работењето на ЈП Нискоградба, директорот ја отцени како успешна.

– Преку 20 милиони денари заедно со општината  се работеше во Касарната ,ја завршивме третата фаза од ул. Довлеџик за кој што беа потрошени околу 10 милиони денари, рече Крстевски

Минатата градежна сезона ЈП Нискоградба со претходно обезбедена документација од Македонски Железници изградиле 5 пропусти на железничката пруга кои како што рече директорот ќе послужеле за идно приклучување на канализационите системи на сите населени места долж патот кон Р.Грција.