Фер и демократски избори услов за натамошен напредок на РМ

0
194

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски ги повика сите учесници на изборите да обезбедат фер и демократски избори со почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Во интервју за МИА тој потенцира дека утрешните локални избори се услов за натамошен напредок на земјата и оти ДИК ќе стори се за успешен изборен ден.

– Во името на сите членови на Државната изборна комисија, ги повикувам сите учесници во изборите, изборната администрација, политичките партии, граѓаните, да обезбедат фер и демократски избори со почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Граѓаните на Република Македонија очекуваат од ДИК и од изборната администрација да се обезедат фер и демократски избори кои се услов за натамошен напредок на Република Македонија, рече Чичаковски.

Можам да ветам, посочи Чичаковски, дека ДИК ќе стори се за да имаме успешен изборен ден.

– Ги повикувам општинските изборни комисии и изборните одбори, а особено политичките партии да ги почитуваат сите позитивни прописи и сите заеднички да обезбедиме одлични оценки од меѓународните и домашните набљудувачи за целокупниот изборен процес, истакна Чичаковски.

ДИК, според него, ги заврши сите активности за подготовка и организирање на Локалните избори 2017.

Без коментари