Фестивал на дуети во Могила

0
810

Трета година по ред во Општина Могила на градскиот стадион ,под ведро небо се одржа фестивалот на дуети на народни песни „Константин и Елена”.

Градоначалникот Стево Пивковски ја даде поддршката на идејата која била стара повеќе години.

Ова е еден вид на забава за жителите на оваа општина.

Фестивалот на дуети и оваа година го помогна Фидан Шемовски иселеник од Могила, како и голем број приватни компании.

Многу музички имиња од домашната сцена со македонски песни беа дел од третото издание на фестивалот на дуети во Могила.

Покрај овој фестивал кој има тендеција да прерасне во традиција, од општина Могила истакнаа дека редовно ги подржуваат и Добрушевските средби, петровденските средби и сите манифестации кои се од културен карактер.