Фестивал се претвори во хаос, напаѓач уби и повреди цивили

0
364

Фестивалот ЗомбиКон во Флорида се претвори во трагедија, откако еден од посетителите извади пиштол и почна да пука во гостите.

Едно лице загина, а пет се повредени од истрелите на непознатиот маж.

Инцидентот се случил точно пред затворањето на фестивалот, па кога ги слушнале првите истрели гостите мислеле дека е огномет.

Амбулантни возила пристигнале на местото речиси веднаш и откриле еден човеккако лежи неподвижен на земјата. Организаторите на настанот излегоа со официјално соопштение на Фејсбук, во кое изразуваат “длабоко жалење” за она што се случило.

Полицијата го блокирала местото на нападот и трага по напаѓачот.

Без коментари

LEAVE A REPLY