Фестивалот на планински филм Ехо и во Битола

0
609

Секојдневно, илјадници луѓе ги живеат своите радости во планините: планинарат, качуваат, скијаат, истражуваат пештери, се пуштаат со кајаци по планинските брзаци, летаат носени од планинските ветришта.

Секојдневно, таа нечија силна љубов кон природата, креира приказни кои никого не оставаат рамнодушен.

Како и минатата година, така и оваа, со селекција од својата програма, Планинскиот Филмски Фестивал „Ехо“ ќе се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови во Македонија.

Во соработка со ПСК „Димитар Илиевски – Мурато“ од Битола, на 29ти февруари (Понеделник), со почеток во 19 часот, Ехо ќе проектира дел од својата програма во малата сала во НУ Центар за култура – Битола.

Во следниот период фестивалот ќе го продолжи караванот и во остантите градови низ Македонија.

За време на Ехо, за време на планинскиот фeстивал и посетителите ќе имаат можност да скокаат од карпа на карпа, да ги слушаат водопадите и птиците, да се запознаат со растенијата и да ги учат лекциите од природата, пренесени преку прекрасните филмски остварувања, фотографии и презентации.