Фетхулах Ѓулен: Пучот во Турција може да е инсцениран од владата

0
893

Проповедникот Фетхулах Ѓулен, чии поддржувачи турските власти ги обвинија за организирање на обидот за преврат, изјави дека бунтот може да бил инсцениран од Владата, против кој беше наменет, пишува Гардијан.

За време на интервју пред мала група новинари, Ѓулен во неговата резиденција во Пенсилванија ги отфрли сите обвинувања дека тој стои зад обидот за преврат.

– Не мислам дека светот верува на обвинувањата упатени од претседателот Ердоган, изјави Ѓулен.

– Постои веројатност тој да ја инсценирал ситуацијата и целта му е да ги пренесе обвинувањата.