ФФМ застана зад Џани Инфантино во трката за претседател на ФИФА

0
483

Македонската делегација предводена од првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, денеска беше присутна во Белград на регионален состанок на кој присуствуваа 13 европски национални сојузи и високи претставници на Европската фудбалска унија (УЕФА).

Покрај делегациите на: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Македонија, Црна Гора, Романија, Словенија и Србија, за прв пат присутни беа и претставници на Русија и Турција. Исто така, активно учевство на состанокот имаа и највисоките претставници на УЕФА, предводени од првиот потпретседател на УЕФА Анхел Мариј Вилјар, генералниот секретар Џани Инфантино и заменик генералниот секретар Теодор Теодоридис.

Присутните ги анализираа сите прашања кои претходат на одржувањето на двата важни конгерси – Вонредниот конгрес на УЕФА (Цирих, 25 Фебруари) и Вонредниот конгрес на ФИФА (Цирих, 26 Февруари) на кој ќе биде избран нов претседател на светската фудбалска федерација.