ФИБА им се закани на земјите од регионот дека ќе ги исклучи од ЕП

0
172

Челниците на ФИБА со писмо испратено до националните сојузи од регионот на поранешна Југославија (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, БиХ) се заканија дека тие би можеле да се соочат со ригорозни санкции бидејќи отстапиле од она што било договорено на состаноците одржани на 9. и 13.април, а кои се однесуваа на реорганизацијата на АБА лигата.

Во писмото кое е потпишано од Патрик Бауман се наведуваат имињата на клубовите, меѓу кои и МЗТ, кои на 20.мај во Љубљана го потпишаа договорот според кој клубовите станаа косопственици на АБА лигата. Имено според договорот кој е спорен за ФИБА, клубовите имаат 80 отсто од сосвеноста, а останатите 20 отсто се во сопственост на шест физички лица (Радиќ, Лисац, Сагадин, Лорбек, Миличевиќ и Билиќ).

Имено ФИБА не се противи регионалната лига да не биде во нејзина организација, иако паралелно нуди концепт во кој клубовите би биле сопственици на 84 отсто од правата на АБА лигата, но само во случај таквата лига да биде 100 отсто во сопственост на клубовите.

Очекувано, кога веќе клубовите отстапиле од договореното, ФИБА се закани со санкции кои можат да бидат и многу ригорозни, односно може дури и да ги исклучи земјите од регионот од настап на Европското првенство. Пласман на ЕП од земјите на поранешна Југославија не избори само Црна Гора.

На оваа тема и во ФИБА ќе се разговара на седницата на Извршниот комитет кој ќе се одржи на 18. и 19.јуни.