Фидбек бенд уживаат на настапите во Битола

0
424

Музичкиот состав „Фидбек бенд“ се чести гости во Битола, а најмногу се препознатливи по нивните свирки во Хаус оф Манаки.

За битолската публика велат дека е посебно задоволството да се настапува пред неа, затоа што од првите акорди сите се весели и распеани.

Неодамна овој бенд го промовираше својот најнов видеозапис за третата по ред студиска песна која го носи насловот „Влези во мојот живот“, а зад неа се потпишуваат Огнен Неделковски (текст) и Милан Стефановски (музика и аранжман).

Песната „Влези во мојот живот“ е снимена во студиото на „Кларион продукција“, додека за видео записот беше задолжена екипата на „Арт студио“.

Музичкиот состав „Фидбек бенд“ е составен од 5 музичари во комплетен вокално-инструментален состав и тоа: Јане Славов (вокал), Игор Гудески (тапани), Томислав Димовски (соло гитара), Бобан Клењоски (клавијатура и вокал) и Стефан Петрушев (бас гитара).

Бендот постои од 2009 година, а за сите овие години можат да се пофалат со настапи на голем број свадбени прослави, матурски вечери, настапи во најпознатите дискотеки од сите градови во Република Македонија.