Филип Лазаров и уште девет засилувања во новиот проект на Пелистер

0
2127

Филип Лазаров, е најзвучното засилување во составот на Пелистер за новата сезона. Лазаров се враќа во Македонија и по втор пат во кариерата ќе биде дел од Пелистер со кој потпиша двегодишен договор. Покрај Лазаров, како позајмен играч од Металург доаѓа младинскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски.

Од ланскиот состав Пелистер ги продолжи договорите со пикерот Васко Димитровски, левото крило Реваз Чантурија, со бековите Златко Везенковски и Кире Митревски, крилата Никола Ивановски и Бојан Маџовски.

Нови имиња во составот се уште и Грузиецот Теимуруз Орјонкидзе и голманот Милош Рајчиќ кои во Пелистер доаѓаат од екипата на Прилеп, потоа Жарко Чуриќ, Михајло Митиќ, Милош Ивиќ, Вељко Давидовиќ и Горан Раковиќ. Покрај овие странски засилувања, во составот на Пелистер се враќа и Александар Босеовски кој минатат сезона настапуваше за тимот на Охрид.

Без коментари