Филип Стојаноски го фати светиот крст во Прилеп

0
393

Филип Стојаноски кој има 23 години е најсреќниот меѓу седумдесетмината прилепчани кои скокнаа по светиот крст во осветените води од базенот на хотелот „Сонце Г.А.“.

Филип вели дека повеќе од три години немал среќа, а оваа година имал голема желба, пред се заради неговата огромна верба кон Бога, повторно да скокне по светиот крст.

Во согласност со традицијата и православната христијанска вера, Локалната самоуправа и градоначалникот Ристески за Стојаноски и за останатите учесници на овој свет настан, обезбедија богати пригодни награди.