Филм и опера за најмладите во Центарот за култура Битола

0
450

Во рамките на овогодинешната програма на Центарот за култура, во годината на големи настани и концерти, година во која музичко сценската дејност го има акцентот, викендов на 26- ти и 27- ми март, за најмладите се организирани интересни настани.
На 26- ти, ќе имаат можност да се дружат со популарната панда преку истоимениот филм Кунг Фу Панда 3, но и да бидат наградувани, а веќе следниот ден е гостувањето на МОБ со детската опера Малата волшебна флејта, дело на Моцарт.
Во рамките на содржините за најмладите, на 18 ти мај, македонската Филхармонија, гостува со концертот Петре и волкот.
Во следниот период следува и концертот на камерниот оркестар на Битола, на 4-ти април.
На 20-ти април следува гостувањето на националниот ансамбл на народни песни и игри Танец.
Од 4-ти до 10-ти мај, ќе се одржи 18-тото издание на интернационалниот фестивал на Монодрама Битола 2016.
Во меѓувреме филмскиот наслов кој сите со нетрпение го очекуваат- Бетмен против Супермен- Зора на правдата, својата премиера во 3Д киното, ќе ја има на 24-ти март од 20 часот.
Малата волшебна флејта е на 27- ми март, во големата сала на Центарот за култура од 18 часот.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY